Воспоставена соработка меѓу општини од Македонија и Србија

од Nikola Popovski
177 прегледи

Владата на Србија денеска донесе одлука за воспоставување соработка меѓу општините во Србија и Северна Македонија – Врњачка Бања и Кисела Вода, како и меѓу градот Лесковац и општина Крива Паланка.

Одлуката за соработка, како што се наведува во соопштението, на општините Врњачка Бања и Кисела Вода се однесува на економијата, туризмот, науката, културата, спортот, образованието и сите други области каде што има можности и заеднички интереси.

Соработката меѓу Градот Лесковац и општина Крива Паланка е воспоставена во области од заемен интерес, пред се во областите на економскиот, деловниот и научно-техничкиот развој, социјалната заштита, образованието, културата, спортот, како и во други области.

Донесена е одлука за воспоставување соработка меѓу општина Врњачка Бања и општина Нови Травник, во Босна и Херцеговина, во економска, туристичка, научна, културна, спортска, образовна и сите други области каде што има можности и заеднички интереси.

Фото: Танјуг/Министерството за надворешни работи на Србија