Воз усмрти 30 овци кај Миравци

од Nikola Popovski

Товарен воз усмртил околу 30 овци кај Миравци, потврдил Тони Ангеловски, помошник на министерот за внатрешни работи, за односи со јавноста.

„Денес околу 15 часот во Полициската станица Гевгелија, било пријавено дека во близина на железничка станица Миравци, товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, удрил во стадо овци, при што биле усмртени околу 30 овци, а повредени лица нема“, информирал Ангеловски во изјава за МИА.

Увид на местото врши екипа на Полициска станица Гевгелија.

Слични содржини