Возач „летал“ со 205 км на час на македонски автопат

од Nikola Popovski
184 прегледи

Во текот на вчерашниот ден (18.02.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 815 возачи.

Од нив 52 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Еден од санкционираните возачи се движел со своето возило, со високи 205 километри на час, како што може да се забележи од објавената фотографија на полицијата.

Притоа, 397 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 418 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Слични содржини