Возач од Тетово на даден знак да запре сакал да удри во полицаецот

од Берта Китинска

Гостиварското основно јавно обвинителство поднесе обвинение портив 33-годишник од тетовското село Беловиште за кривично дело – предизвикување општа опасност.

Како што информираат од обвинителството, на 16 мај обвинетиот управувал рент-а-кар возило „шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, при што во близина на бензинска пумпа во Гостивар се движел со брзина над дозволената.

Тоа со помош на радар го забележал полициски службеник кој на возачот му сигнализирал да запре.

Наместо тоа, обвинетиот ја зголемил брзината и продолжил да се движи кон центарот на Гостивар. По извесно време, се вратил и со голема брзина претекнал неколку автомобили.

Кога полицаецот со палка повторно му дал знак да сопре, обвинетиот нагло свртел со воланот кон него и изгубил контрола врз автомобилот.

Полицискиот службеник успеал да се тргне настрана и да го избегне возилото.​​

Слични содржини