Возеше со бебе во автомобилот кога „џиновски град“ и ја скрши шофершајбната

од desk2
100 прегледи

Младата мајка Фиона Симпсон објави фотографии од повредите што ги претрпе додека се обидуваше да ја заштити својата ќерка од ударот на градот голем колку тениски топчиња.

Додека возела во Квинсленд, Австралија со своето бебе и баба, 150 километри од Бризбејн, ја зафатила бура. Големиот град ја уништил шофершајбната, а во страв за безбедноста на детето, Фиона застанала пред детето како човечки штит. 

По посетата во болницата објави фотографии на Фејсбук од потечени и повредени грб и раменици.

– Денес научив лекција, никогаш не треба да возам кога надвор има невреме. Грбот, рацете и главата ми се со многу повреди, но полесно е за мене кога знам дека мојата ќерка и баба ми се добри, заклучи Фиона, прашувајќи ги пријателите дали знаат кој крем може да и помогне за болка.