275
Вработен во Руската амбасада со службеното возило се судрил со автомобил со кумановски таблички, информираа од МВР.
-На 05.05.2023 околу 10.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово – Крива Паланка се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд фокус“ со дипломатски таблички, управувано од К.А.Л.(52) од Руската Федерација и патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г. Б.(46) од Куманово, стои во полицискиот билтен.
Во незгодата, со повреди се здобил Г.Б. и бил пренесен за укажување лекарска помош во болницата во Куманово.
Увид извршила екипа од СВР Куманово.