Возило удрило пешаци на паркинг, едно лице со тешки повреди

од Nikola Popovski

Утрово дошло до тешка сообраќајка во Кавадарци, откако автомобил марка голф удрил во двајца пешаци на возраст од 23 и 24 години.

-Синоќа во 04.20 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Цветан Димов“ во Кавадарци, патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.А.(51) од с.Ваташа, кавадаречко, удрило во Ќ.И.(23) од Кавадарци и К.Б.(24) од с.Ваташа. Во несреќата со тешка телесна повреда се здобил Ќ.И., а со телесна повреда се здобила К.Б., констатирани во болницата во Кавадарци, се вели во полицискиот билтен.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

Слични содржини