ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ (18+): Тотален хаос улиците во Мајнхајм, полицијата предупредува на нови напади

од Даниел Ѓорѓиевски
123 прегледи

Возачот осомничен дека денеска околу пладне влетал со својот автомобил во толпата во близина на познатата водна кула во Мајнхајм, при што уби најмалку едно лице, а повредил повеќе од 25 други, бил уапсен набрзо по трагичниот инцидент, јавуваат германските медиуми.

Иако првичните информации беа дека возачот возел „темен теренец“,  се појавија фотографии од возилото кое го запленила полицијата, а се работи за форд. Засега не се знае кој точно го управувал автомобилот, ниту дали возачот бил сам за време на нападот.

Од германската полицијата за тамошните медиуми изјавиле дека не ја исклучуваат можноста за уште еден напад да се случи на друго место. Оттаму нагласиле дека во интерес на истрагата се уште не може да даде информации за можниот сторител оили заднински информации. Како што наведуваат, ситуацијата во Манхајм се уште е нејасна.

Слични содржини