ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Апокалиптични сцени од Бахмут по 10-месечните руски напади

од Stefanija Kuzmanovska

Во крвавата битка за Бахмут, најдолгата од почетокот на руската инвазија на Украина, загинаа неколку десетици илјади луѓе. Русите сега тврдат дека градот е под нивна контрола, додека Украина тоа го негира, но 400 години стариот град во источниот дел на земјата е речиси целосно уништен. На социјалните мрежи беа објавени страшни прикази од овој разурнат град.

Меѓу тие објави е и видеото на дописникот на „Фајненшл тајмс“ Кристофер Милер.

„Ужасни, апокалиптични сцени од урнатините на Бахмут по 10 исцрпувачки месеци руски напади со употреба на најбрутално оружје“, напиша Милер во описот на видеото.

Последиците од битката за Бахмут се уште не се целосно познати, ниту кога станува збор за бројот на жртвите, ниту колку е изгубена опрема и оружје.

Западните истражувања проценуваат дека Русија изгубила околу 200.000 војници од почетокот на инвазијата, а слични бројки важат и за Украина. Само во битката за Бахмут загинале неколку илјади војници.

Познато е дека пред војната во овој град живееле повеќе од 70.000 луѓе.

Слични содржини