Возрасните и малолетните лица од утре ќе може да шетаат до 19 часот

од Берта Китинска
356 прегледи

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XIV седница изрече времена забрана за владината уредба со која се ограничуваше движењето на граѓаните постари од 67 и за лицата помлади од 18 години.


Од утре и повозрасните и помладите ќе можат да да излегуваат од 5 до 19 часот, како и другите граѓани.

-Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оцена на уставноста и законитоста на Одлуката за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.92/2020);- стои во одлуката од судот.

Уставниот суд изрече времена забрана и за ограничувањето за лицата помлади од 18 години. И за нив, полицискиот час ќе важи како и за останатите граѓани од 5 до 19 часот, место од 12 до 19 часот.

Уставниот суд, покрај времената забрана за ограничување на движењето за овие две категории, поведе и постапка за тие ограничувања и на некоја од наредните седници ќе се гласа за уставноста на полицискиот час за младите и пензионерите, за кој што мнозинството од уставните судии сметаат дека е дискриминаторски.

Слични содржини