Вработена во маркет присвоила над 1 милиони денари кои и биле доверени за работа

од Nikola Popovski

МВР поднесе кривична пријава против жителка на Охрид, која ставила во џеб над 1 милион денари, кои ѝ биле доверени за работа.

-СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32 годишна охриѓанка за сторено кривично дело „затајување“.

Лицето во својство на одговорно лице во маркет лоциран на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, подолг временски период, противправно присвојувала парични средства- сопственост на правниот субјект кои, и биле доверени за работа. Со тоа, според финансиска документација приложена од сопственикот на правниот субјект, пријавената предизвикала материјална штета од 1.182.022 денари, соопшти полицијата.

Слични содржини