Вработени го тужат Твитер за кршење на Законот за работни односи

од Stefanija Kuzmanovska

Вработени во „Твитер“ поднесоа колективна тужба против компанијата откако новиот сопственик на социјалната мрежа, Елон Маск, преку е-пошта ги известил дека ќе се соочат со откази.

Во петокот вечерта, по американско време, дел од вработените на „Твитер“ почнаа да објавуваат на платформата дека нивните сметки на официјалната електронска пошта се затворени пред планираното известување за отпуштања, наведува Си-Ен-Ен.

Некои, исто така, споделија сини срца и емотикони за поздравување кои го илустрираа заминувањето од компанијата.

Во колективната тужба се наведува дека „Твитер“ го прекршува федералниот Закон за прилагодување и преквалификација на работници бидејќи веќе отпуштил некои од своите вработени.

Во „Твитер“ беа вработени речиси 7.500 луѓе пред Маск да ја преземе компанијата.

Слични содржини