Вработени во кафуле се тепале пред локалот каде што работат

од Nikola Popovski

Вработени во кафуле се истепале пред локалот каде што работат, стои во полицискиот билтен.

На 22.09.2022 во 17.00 часот во СВР Скопје, М.М.(33) од Скопје пријавил дека пред влез од угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје, каде е вработен, бил физички нападнат од Д.Л.(40) од Скопје, исто така, вработен во објектот.

-По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од МВР.

Слични содржини