Вработени во маркет се тепале меѓусебе

од Nikola Popovski

Двајцата вработени во ист маркет се степале во текот на вчерашниот ден, информираат од МВР.

Според полицијата, вчера во 15:20 часот во Полициската станица Гази Баба, В.К.(27) од Скопје пријавил дека на работно место во маркет на ул.„15. корпус“ бил физички нападнат од неговиот колега А.Т..

-По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, појаснуваат од полицијата.

Слични содржини