Вработени во вселенската компанија на Безос: Тука е полно со сексизам

од Nikola Popovski

Група од сегашни и поранешни вработени во Blue Origin, компанија за вселенски летови во сопственост на основачот на Амазон, Џеф Безос, ја критикуваа работната средина, велејќи дека се е „полно со сексизам“ и дека „опасната брзина“ на работата се цени повеќе од безбедноста.

Во отвореното писмо напишано од Александра Абрамс и 20 други сегашни и поранешни вработени се наведува дека начинот на кој работи компанијата „го одразува најлошото во светот“ и дека тоа мора да се промени.

„Родовите разлики во работната сила се вообичаени во вселенската индустрија, но постои одредено ниво на сексизам во Blue Origin. Многу високи лидери честопати се однесуваат кон жените многу несоодветно, се вели во писмото“, објави Гардијан.

Во писмото се наведува дека неколку пати бил пријавуван еден менаџер за сексуално вознемирување и дека новите вработени се предупредени да се држат настрана од директорот кој наводно допрел колега. Се додава дека работната сила е „претежно машка“ и „претежно со бела кожа“.

Брзината е поважна од безбедноста?

Незадоволните вработени тврдат дека Blue Origin дава предност на брзината пред безбедноста.

„Раководителите на компанијата покажаа незадоволство во 2020 година од распоредот на Њу Шепард за неколку летови годишно. Нивната цел, која редовно им се доставуваше на оперативниот персонал, беше да ги зголемат на повеќе од 40. Некои од нас сметаа дека, со оглед на расположливите ресурси и персоналот , таков притисок сериозно ја загрози безбедноста на летот “, се вели во писмото.

Се додава дека група вработени во 2018 година „документирале повеќе од 1000 извештаи за проблеми поврзани со ракетните мотори на Blue Origin, за кои никогаш не било разговарано“.

Слични содржини