Вработените во Филхармонија на протест пред Владата

од Nikola Popovski
599 прегледи

Вработените во Македонска филхармонија и денеска излегоа на протест поради одлуката новоформираниот Џез оркестар просторно да биде сместен во објектот на оваа институција. Претседателот на Синдикатот на Филхармонија, Владимир Лазаревски на протестот изјави дека оваа одлука уште не е променета, и иако побарале прием кај премиерот, уште не добиле никаков одговор.

Тој ја повика министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска да информира дали е најден нов простор на Џез оркестарот.

-Ние и денеска протестираме бидејќи досега од Министерството не сме добиле ниту соопштение, ниту сме информирани дека е најдено просторно решение. Недостатокот на комуникација и заеднички јазик беа главна причина за создавање на проблемот уште на самиот почеток, затоа еве, уште еднаш јавно ја повикуваме министерката да излезе со соопштение во јавноста и да не информира, нас, вработените во Филхармонија кои сме директно засегнати од оваа ситуација, потенцираше Лазаревски.

Слични содржини