Вработените во здравството од септември ќе добијат за 10% поголеми плати

од Nikola Popovski

На оваа тема денеска разговарале министерот за здравство Фатмир Меџити, претседателот на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита д-р Љубиша Каранфиловски, претседателот на Синдикатот на клинички д-р Предраг Серафимовски и претставници на Фондот за здравствено осигурување на РСМ.

Во фокусот на разговорите бил начинот на имплементација на покачувањето на платите и пресметките кои треба да бидат подготвени пред истото да се реализира.

Ние се стремиме да имаме мотивирани здравствени работници кои посветено ќе работат и ќе обезбедат квалитетна здравствена заштита за пациентите, истакнал Меџити на средбата.

Покачувањето на платите ќе се реализира како дел од новиот Општ колективен договор за вработените во јавен сектор кој неодамна беше склучен помеѓу Владата и Сојузот на синдикати на Македонија.

Слични содржини