Враќање од карантин: Семејството Вилијамс со емотивно видео ги расплака фановите

Пандемијата која владее низ светот раздели многу семејство. Едно од нив е и семејството на пејачот Роби Вилијамс. Пејачот минал три недели во карантин, не бил позитивен но по престојот во Австралија морал да ги почитува правилата.

Сопругата Ајда и двете деца нестрпливо го чекаа неговото враќање, а кога дошол моментот, го споделиле на социјалните мрежи.

-Кој ни доаѓа? – прашува Ајда, а децата во еден глас викаат: Тато, тато.

Одвоеноста најтешко им паднала на ќерките Теодора (7) и синот Чарлтон (5). Веднаш штом го здогледаа нивниот татко, му потрчаа во прегратка. Бројните следачи коментираа дека ова е едно од најемотивните видео кои ги виделе во последно време.

-Ме расплакавте. Колку е ова прекрасно. Семејството е најважно и затоа треба да се чуваме во овие моменти – гласеле коментарите под видеото.

Ниту сопругата не можела да ги задржи емоциите, а со бројните следачи споделила:

-По три недели повторно сме заедно. Толку сум среќна што тато се врати дома по карантинот.

Слични содржини