Постојат луѓе на кои парите како да им се лизгаат низ прсти, а потоа има и такви кои „грабаат“ пари како и кога ќе посакаат. Иако многумина може да се запрашаат како е можно сè што ќе допрат да го претворат во злато, всушност ѕвездите, односно астрологијата имаат влијание во се.
Јарец
Иако не оставаат впечаток дека пливаат во пари, Јарците секогаш се финансиски потковани. Тие се многу амбициозни, вредни и интелигентни, па напорно работат за да дојдат до што повеќе пари, а поради нивната посветеност најчесто го достигнуваат врвот. Се што ќе заработат се чува за дождливи денови, па типично им е да живеат скромно додека имаат вистинско мало богатство на сметката.
Лав
Бидејќи сакаат да живеат на висока нога, парите им се многу важни. Рано во животот сфаќаат дека сакаат да имаат многу пари, а таквиот став, во комбинација со решителност и подготвеност да работат неуморно, им овозможува да заработат добра сума пари и да си ги дозволат работите што ги посакуваат. Фокусирани се на целта, па нема да се откажат додека не ја постигнат на овој или оној начин.
Скорпија
Скорпиите се страствени за сè, вклучувајќи ги и парите. Тие никогаш не играат на сигурно, а нивната подготвеност да ризикуваат често се исплати. Имаат одличен нос за заработување пари, а развиената интуиција им помага да ги препознаат профитабилните инвестиции. Тие гледаат можност да заработат пари во сè, па ја проучуваат состојбата на берзите, инвестициските фондови и пазарот на криптовалути и постојано наоѓаат нови и иновативни начини за множење на парите.
Бик
Парите се важни за Биковите бидејќи им овозможуваат да уживаат во животот. Со него можат да си дозволат вкусна храна, убав дом и луксузни предмети, па желбата за заработка ги поттикнува да работат напорно. Кога се доволно мотивирани стануваат незапирливи на патот до целта. Тие имаат способност да заработуваат многу добро во текот на нивниот живот преку напорна работа и пожртвуваност, а често можат да се потпрат и на среќата.