Временска прогноза

од desk4
177 прегледи
   Времето во првата половина од денот ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Минималната температура ќе биде помеѓу 11 и 21, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. УВ индексот седум.

Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен дожд. Попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе се движи од 19 до 31 стептен.

Во наредните денови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи. Потоа до петок ќе преовладува стабилно и многу топло време.

Слични содржини