Временска прогноза

од Vladimir Zorba
83 прегледи

 

 Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, на повеќе места во попладневните часови особено ќе има повремено пороен дожд проследен со грмежи, краткотрајно засилен ветер и појава на град. Претежно нестабилно ќе биде на југот од земјата.vreme

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 25 до 31 степен.

Во Скопје претпладне времето ќе биде нестабилно со зголемена облачност, а попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд, ретки грмежи и умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 6.

Утре се очекува стабилизирање на атмосферата, но ќе има и услови за појава на краткотраен дожд особено кон југоистокот. За време на викендот ќе преовладува стабилно претежно сончево време со повисока температура.