Временска прогноза

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Времето во Македонија претпладне сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови облачноста ќе се зголемува и во западните делови ќе има услови за појава на слаб краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер.oblatsi

Утринската температура ќе се движи од еден до девет, а дневната од 17 до 23 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер.

Температурата ќе биде во интервал од три до 19 степени.

Од недела под влијание на влажен воздушна маса ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утринските температури малку ќе се покачат, а дневните веќе од понеделник ќе бидат пониски за 3 до 5 степени. Повеќе врнежи со услови за краткотрајна нестабилност на југот ќе има од недела попладне и во ноќта кон понеделник. Потоа следи период на променливо облачно време со повремен дожд и со позитивни утрински температури.