Временска прогноза

од Vladimir Zorba
159 прегледи

 

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер, особено долж Повардарието.vreme

Утринската температура ќе се движи од минус шест до три, а дневната од 10 до 17 степени.

Во Скопје  ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура до минус два, а дневната ќе достигне до 16 степени.

До четврток времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури. Во четврток попладне ќе има зголемување на облачноста, а во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне ќе има врнежи од дожд, особено во западните и северните делови од земјава.