Временска прогноза

од Vladimir Zorba
77 прегледи

 

 Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.vreme-mraz

Утринската температура ќе се движи од минус осум до нула, а дневната од пет до 12 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до шест степени.

Во среда ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со пораст на дневната температура. Утрата и во наредните денови ќе бидат студени, особено во среда кога температурите насекаде ќе бидат под нулата и ќе се движат од минус осум до нула, а дневната највисока температура од пет до 12 степени. Во наредните денови дневната температура ќе биде во пораст.