Временска прогноза

од Vladimir Zorba
73 прегледи

 

 Времето ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено во западните и јужните делови. Ќе дува слаб, а во западните делови повремено умерен источен ветер.

Дневните темпаратури од минус шест до четири степени. Во Скопје облачно со темпартура до еден степен.

Пообилни врнежи се очекуваат в среда кон крајот на денот и во текот на ноќта кон четврток, особено во јужните делови. Овие врнежи ќе предизвикаат зголемување на снежната покривка на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе биде без поголеми промени и ќе биде во интервал од -3 до 4 степени.

Од петок се очекува стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.