Временска прогноза

од Vladimir Zorba
286 прегледи

   Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Попладне ќе  дува северозападен ветер, кој на север и вдолж Повардарието ќе засилува. Претежно во североисточните делови ќе има услови за нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 20, а дневната од 30 до 39 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје слично време, сончево и потопло. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 37 степени.

Од петок попладне, преку ноќта и во сабота времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер претежно во источните и јужните делови.

Во недела во претпладневните часови врнежите ќе завршат, а овој ден ќе биде најсвеж во периодов со температура која на повеќето мета нема да надмине 30 степени. Од понеделник температурите повторно благо ќе се покачуваат.