Временска прогноза

од Vladimir Zorba
106 прегледи

   Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 15, а дневната од 22 до 30 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 29 степена.