Временска прогноза

од Vladimir Zorba
159 прегледи

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и топло со умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен вдолж Повардарието. Утрото ќе биде свежо со утрински температури кои ќе се движат во интервалот од  0 до 8, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде од  21 до 27 степени.

Во Скопје  ќе биде сончево и топло со умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од четири до 25 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево време со постудени утра, а дневните температури ќе бидат во пораст. Исклучок ќе има во сабота кога ќе биде малку до умерено облачно и повремено ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието. Во почетокот на наредната работна седмица се очекуваат и натпросечни дневни температури