Временска прогноза

од Vladimir Zorba
249 прегледи

 

  Времето во Македонија ќе биде претежно сончево, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот значително облачно со умерен до засилен северозападен ветер.

Beautiful autumn background with empty planks

Утринската температура ќе се движи од минус три до седум, а дневната од 20 до 25 степени.

Во сабота ќе има локален дожд и ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предизвика пад на дневната температура за околу 8 степени. Во недела преку денот ќе биде стабилно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува заладување со засилен ветер и врнежи од дожд, и снег на планините.