Времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно со појава на утринска магла и ниска облачност по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец. Температурата ќе се движи од четири до девет, а дневната 12 до 18 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно со појава на утринска магла и ниска облачност. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од седум до 15 степени.
Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, по одделни котлини со појава на утринска магла и ниска облачност. Од сабота следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а ќе дува и умерен јужен ветер. Повеќе врнежи се очекуваат во почетокот на наредната седмица.