Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Нешто пообилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта и тоа во западните делови.
Температурата ќе се движи од пет до 13 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Нешто пообилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта и тоа во западните делови.Температурата ќе достигне до 10 степени.
Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.
Во недела и понеделник врнежите ќе бидат полокализирани и ќе дува умерен јужен ветер. Пообилни врнежи повторно се очекуваат во вторник и среда, а од среда и опаѓање на температурата што ќе предизвика на планините и на некои повисоки места врнежите да поминуваат во снег.