Временска прогноза

од Vladimir Zorba
286 прегледи

 

   Македонија денеска ќе биде под влијание на студен и влажен бран од северозапад, така што времето ќе биде облачно, студено и ветовито со врнежи од дожд. На повисоките места и на планините ќе врне снег.

Попладне постепено врнежите се очекува насекаде да поминат во снег и на повеќето места ќе се формира снежна покривка. Пообилни врнежи ќе има особено во источните и североисточните делови каде локално можно е да наврнат над 10 сантиметри снег. Температурата ќе се движи од 0 до 9 степени.

Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. И во вторник ќе биде студено и ветровито, претпладне на истокот се уште има услови за повремен слаб снег. В среда ќе има преодна стабилизација, а в четврток се очекува нов влажен бран.