Временска прогноза

од Vladimir Zorba
192 прегледи

  Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала, во западните делови со умерена облачност. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. 

Температурата ќе се движи од шест до 15 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе достигне до девет степени.

Под влијание на јужно струење во наредните денови температурите ќе бидат релативно високи. Во среда облачноста ќе се зголеми, по котлините ќе биде магливо, а врнежи од дожд ќе има во вечерните и ноќните часови кон четврток во западните и северните делови. Потоа нов влажен бран се очекува за време на викендот.