Времето во Македонија ќе биде облачно, околу пладне и попладне со повремени врнежи од дожд и снег. Повеќе врнежи ќе има во западните делови.

Поради нагло заладување проследено со засилен северен ветер, кон крајот на денот врнежите ќе поминуваат во снег на повисоките места, а во текот на ноќта провејување на снег е можно понекаде и во пониските делови на крајниот север и на крајниот исток во земјава. На планините висината на снежната покрива ќе се зголеми, а на повисоките места во западните делови ќе се формира помала снежна покривка.
Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од пет до девет степени.
Во Скопје, слично време, облачно, околу пладне и попладне со повремени врнежи од дожд и снег. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до пет степени.
Во понеделник наутро се уште ќе има провејување на слаб снег во северните и источните делови, а преку денот ќе биде суво, студено и ветровито со засилен северен ветер.