Временска прогноза

од Vladimir Zorba
262 прегледи

  Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. На повисоките, во западните и југозападните делови и на пониските места ќе има врнежи од дожд и снег, а на планините ќе врне само снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните и западните делови. На места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, повеќе изразен во западните подрачја.

Утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната од четири  до девет степени.

Во Скопје слично време, облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до пет степени.

В недела попладне врнежите ќе престануваат, а в понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето.