Времето во Македонија ќе биде стабилно, претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен претежно југозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од 10 до 20 степени.
Во Скопје претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 19 степени.
Во понеделник се уште ќе биде топло, но ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, најпрвин во западните делови. Ќе дува умерен повремено засилен југоисточен ветер и преку денот ќе има услови за појава на грмежи проследени со краткотраен пороен дожд. Од вторник ќе биде посвежо, а утринските температури ќе бидат во постепено опаѓање.