Временска прогноза

од desk4
170 прегледи

  Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите се очекува да бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и можна појава на град.

Утринската температура ќе се движи од седум до 15, а дневната температура од 23 до 30 степени. УВ=6

Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 12  до 29 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Поизразена нестабилност ќе има и во недела, кога локално повторно ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и можна појава на град.