Временска прогноза

од Vlatko K
163 прегледи

Под влијание на студен и влажен бран денеска попладне, во текот на ноќта, како и во  четврток  ќе има врнежи од снег, кои ќе бидат пообилни во западните  и јужните  делови  од  земјава.   Температурата ќе се движи од -8 до 9 степени.

Во Скопје слично време со температура од -5 до 6 степени.

Снежните врнежи ќе продолжат и утре. Ќе се формира снежна покривка од околу 10 сантиметри во западниот и јужниот дел од Македонија, а на планините ќе надмине над 20 сантиметри.

Наредните денови ќе биде променливо облачно и студено со многу ниски утрински  температури     и со слаби локални врнежи од снег.  Најсончево ќе  биде  во  сабота.  Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.