Временска прогноза

од Марта Пешевска
283 прегледи

 Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, особено претпладне, а на повеќе места ќе се формира помала снежна покривка. Ќе дува силен североисточен ветер, на места ќе достигнува брзина од 90 до 100 км/ч.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до нула, а дневната од минус шест до три степени.

Во Скопје, слично време, облачно со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува силен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе достигне до еден степен.

Од недела следува период на суво и ветровито време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благ пораст.