305
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен претежно северен ветер.

Pair of colorful slippers on the beach.
Утринската температура ќе се спушти помеѓу 12 и 20, а дневната ќе достигне од 28 до 35 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 9
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 33 степени.
До сабота претпладне времето ќе биде претежно сончево и топло. Во сабота кон крајот на денот и во наредните денови во попладневните часови ќе има нестабилна облачност на места со пороен дожд и грмежи.