Временска прогноза до крајот на неделата

од Vladimir Zorba
168 прегледи

  Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. 

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од шест до 17 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до два,а дневната температура до 14 степени.

Во четврток утринската температура на повеќе места ќе се спушти околу нула. Од сабота попладне до недела ќе има локални врнежи од дожд и ќе дува засилен ветер, кој во сабота ќе биде од јужен, а во недела од западен правец. Во наредниот период дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка на планините.