
– Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и свежо, на западот и југот со повремен локален дожд, а во североисточните делови ќе има сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, особено на североисток.
Утринската температура ќе се движи од седум до 15, а дневната температура од 14 до 19 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен североисточен ветер.
Утринската температура ќе достигне до 11, а дневната температура ќе достигне до 18 степени.
Во сабота се уште на повеќе места ќе има зголемена облачност, но ќе биде суво. Потоа во следните денови ќе биде посончево и малку потопло преку денот, но со ниски утрински температури. Нов влажен бран се очекува од средината на наредната работна седмица.