Временска прогноза- облачно со повремени врнежи од дожд

од Vladimir Zorba
93 прегледи

 

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Најпрвин врнежите ќе започнат во северозападните делови од земјата, а во текот на денот ќе се прошируваат кон исток. Повеќе врнежи ќе има во ноќните часови кон понеделник, особено во југоисточните делови каде ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.vreme

Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 17 до 22 степена.

Во Скопје слично време, променливо облачно со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

Во текот на наредната недела ќе преовладува променливо облачно време со почести врнежи од дожд, но со послаб интензитет. Дневните температури благо ќе опаднат.