Временска прогноза: Сончево со мала облачност и слаба магла по одделни котлини

од Vladimir Zorba
113 прегледи

328792-sonchevo-i-toplo-vreme

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и слаба магла по одделни котлини. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Минималните утрински температури ќе бидат од минус три до три, а максималните дневни од 11 до 17 степени.

Во Скопје слично време со температура до 13 степени.