
МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
37 Гевгелија, Д. Капија, 35 Скопје, Скопје Петровец, 34 Штип, Тетово, Струмица, Виница, 32 Битола, Прилеп, Охрид, Пожаране, 31 Кр. Паланка, Тополчани, Претор, 30 Ѓуриште, Берово, 28 Маврово, 27 Лазарополе.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Сончево и потопло, попладнево во крајните североисточни планински подрачја со мала до умерена локална облачност, а повеќе облачност имаше во западните плаанински подрачја. Дуваше слаб до умерен претежно северен ветер, поизразен беше во источните делови.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
Сончево, во планинските подрачја со мала до умерена локална облачност, особено во западните делови. Во вечерните и ноќните часови претежно ведро.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Во западните планински подрачја попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Т-мин. од 10 до 19, а т-макс. од 31 до 38 степени. УВ=9
СКОПЈЕ
Сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност и слаб ветер претежно од северен правец. Т-мин. 17, а т-макс. до 37 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Следува период на претежно сончево и многу топло време. И во понеделник во попладневните часови ќе има појава на локална облачност, а во западните делови и услови за краткотраен дожд со ретки грмежи. До среда максималната температура ќе биде без позначителни промени (во интервал од 32 до 39 степени). Уште потопло се очекува да биде во втората половина од наредната седмица кога на места максималната температура ќе достигнува 40 степени.