Времето на првата менструација може да одреди колку долго ќе живее жената

од Stefanija Kuzmanovska

Според студијата објавена од научници од Универзитетот во Сан Диего во Калифорнија, жените кои првата менструација ја добиле на подоцнежна возраст имаат голема веројатност да живеат подолго.

За истражувачки цели, научниците зеле податоци од 16.000 жени кои поминале низ менопауза. Тие откриле дека возраста на која ја имале првата менструација и возраста во која влегле во менопауза се поврзани со подолг живот.

Во истражувањето пишува дека постои индикација дека жените кои почнуваат со менструација на 12, а влегуваат во менопауза по 50-тата година живеат подолго. Откриено е и дека има помала можност за развој на дијабетес или навика за пушење, пишува YourTango.

„Нашиот тим откри дека жените на кои им започнува менструацијата на подоцнежна возраст се помалку подложни на здравствени проблеми како коронарна срцева болест, а оние кои влегуваат во менопауза на подоцнежна возраст ќе имаат подобра целокупна здравствена слика, што може да биде можно објаснување за нашата наодите“, рече еден од водечките автори на студијата, Аладин Шаџаб.

Заклучокот е дека жените кои подоцна влегуваат во менопауза и со самото тоа имаат подолг репродуктивен животен век, имаат намален ризик од кардиоваскуларни болести, пренесува Vijesti.me.

„Постигнувањето на долг живот е општа здравствена цел на населението и многу луѓе се прашуваат како да живеат подолго. Нашата студија открива дека жените на кои им започнала менструација на 12-годишна возраст и подоцна, и жените кои природно или медицински доживуваат менопауза на 50-годишна возраст или подоцна, имаат поголеми шанси да живеат до 90-годишна возраст“, ​​рече тој.

Слични содржини