Од верските календари

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 мај.
Денеска е Преподобна маченичка Теодосија.
Свети Теодосија била родум од Цариград, од богато семејство. Татко и умрел уште додека Теодосија била на седумгодишна возраст. Мајка и уште од малечка ја дала да се воспитува во манастир. Теодосија пораснала, го за¬сакала подвижничкиот живот и не сакала да го напушти манастирот. Нејзиното страдање паѓа во времето на иконоборечкиот император Лав Исавриецот (717-741). Света Теодосија била затворена и мачена поради нејзината ревност во одбраната на правоверното учење за почитувањето на ико¬ните, а најпосле и погубена во 730 година.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Пресвето Тројство.
Господ во Блиблијата вели дека во него се три божествени ликови: Таткото, Синот и Светиот Дух. Затоа треба да му се покоруваме на Божјиот авторитет. Наутро секој христијанин треба прво да се прекрсти. На тој начин на почетокот на денот, тој го повикува божјиот благослов и неговата заштита. Прекрстувањето го предупредува христијанинот и сите христијани дека се му должат на Господ: создавањето, откупувањето и посветувањето.
ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР
Времето за ифтар и суфур
Во Скопје, времето на ифтар (кога завршува постот), денеска е во 20 часот и 16 минути, додека времето на суфур (кога почнува постот) e во 3 часот и 09 минути.
Времето на ифтар и суфур во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес 2 минути порано, Штип 3 минути, во Кочани 4 минути, во Струмица и Валандово 5 минути, а во Делчево 6 минути порано.
За разлика од времето на ифтар и суфур во Скопје, во Ресен и Битола тие почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево 2 минути, а во Охрид, Дебар и Струга 5 минути подоцна.