Врховен суд укинал домашен притвор за Камчев, Панделески и Јосифовиќ?

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Врховниот суд се очекува денеска официјално да потврди одлука за укинување домашен притвор за бизнисменот Јордан Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ. Тие се  осомничени во истрага на СЈО „Империја“.

Неделникот „Фокус“ неофицијално објави дека таква одлука Врховен суд донел во петокот.

Тоа значи дека Врховниот суд ги прифати жалбите на осомничените, откако претходно донесе начелно правно мислење дека СЈО не е овластен тужител за предметите кои ги презеле од редовното обвинителство, по 18 месеци од добивање на „бомбите“.

Се очекува жалба до Врховниот суд да поднесе и осомничениот Сашо Мијалков, кој исто така е во куќен притвор.

Во „Империја“ осомничени се и мајката на Камчев, Ратка Куноска-Камчева, неговата сестра Кристина Камчева-Стојческа, Владислав Стајковиќ, Зорица Арсовска, Јованче Тасковски, Дејан Јанев, Лилјана Гајдовска, Тодор Мирчевски и Ванче Мијалчев.

/Фокус