Важните и чувствителни прашања треба да се решаваат во мир со воздржаност и мудрост, апелира вселенскиот патријарх Вартоломеј во врска со разговорите за прашањето за името меѓу Грција и Македонија и најавениот утрешен протест во Атина, кој е поддржан и од Грчката православна црква.

– Вселенската патријаршија, како мајка црква на сите православни цркви на Балканот, во врска со разговорите за прашањето за името на ПЈРМ, апелира до сите засегнати страни на трезвеност и воздржаност со цел ова важно и чувствително прашање да се решава во мир и мудрост , стои во апелот на вселенскиот патријарх Вартоломеј.