Припадниците на муслиманска веросиповед втор ден го слават Бајрам, празникот со кој завршува светиот месец Рамазан. По едномесечен пост во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, во сите џамии се одржаa утринската молитва или Бајрам-намаз.
Рамазан, деветтиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на куранот..
„Одреден е патот на честа и на моралот. На чистотата и искрената верба. Одредени се законите на љубовта, на почитта и хуманоста. Беше поставен темелот на благосостојбата“, изјави Реис–ул–улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи.
Според обичаите, утрото на Бајрам најпрво се посетуваат џамиите, а по утринската молитвата, верниците си го честитаат празникот и се смируваат со скараните. Трпезите се различни, но богати, а покрај слаткото и баклавата, специјално за празникот се подготвуваат традиционални јадења.
„Оваа година Бајрам имаше 29 дена. Добро поминавме, убаво. За добро е овој Рамазан. Сега се поздравуваме со сите пријатели, роднини“
„Како и секој Бајрам, убаво си поминавме. Дома направивме еден фамилијарен ручек, подобар ручек, бајклава и слатки направивме“
Честитки до припадниците на исламската вероисповед во Македонија упатија и лидерите на политичките партии како и целиот државен врвж

Празникот беше одбележан и во сите земји од регионот, а под силно полициско обезбедување, Рамазан беше прославен и во останатие земји ширум светот. Неколку десетици илјади луѓе се собраа за време на прославата во Бирмингем, Велика Британија а во една од најголемите муслимански земји, Филипините, борците на ИСИС и владата прогласија неколкудневно примирје додека трае празникот.
Рамазан – Бајрам се слави три дена, а за време на празнувањето се разменуваат подароци и се посетуваат роднините и пријателите. Тој е еден од двата најзначајни празници во Исламот и го означува крајот на едномесечниот пост.